Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нелегалните препродавачи на зеленчук и овошје имаат рок до четврток сами да ги отстранат тезгите од узурпираниот простор во градот, или во спротивно со сила ќе бидат тргнати од полицијат и инспекцијата.
Ова е договорено на денешната средба на сите инспекциските служби, полицијата и општината, се со цел да се воведе ред во пазарското работење.
За викендот пазарџиите преку медиумите ќе бидат известени дека од понеделник до среда надлежните инспекции ќе им издадат решенија за отстранување на тезгите и камионите од нелегалните пазари. Потоа дивите пазарџии треба да го напуштат просторот. Помалите можат да закупат тезги на зелените пазари, а продавачите на големо да се дислоцираат на кванташкиот пазар во селото Долно Којнаре. Доколку тоа не го направат, во четврток со полицијата ќе се преземе акција за отстранување и казнување на продавачите кои нема да ја почитуваат одлуката- вели Валентина Алексовака, секретар во општината Куманово.
Во акцијата на полицијата ќе бидат опфатени дивите пазари на паркингот кај Спортска сала, во Средорек,кај Кошеви, покрај зелениот пазар, на булеватот Октомвриска револуција и сите други локации.
Проблемот со нелегалните препродавачи, кој траае со години се актуелизираше пред еден месец, кога легалните закупци на тезгиња во зелените пазари побараа од надлежните институции во градот да стават крај на нелојалната конкуренција.
Пред десетина дена од ЈП „Пазариште„ беше уреден просторот за кванташки пазар во Долно Којнаре, но пазарџиите на големо од Струмица не сакаат да заминат таму затоа што е далеку од градот.