Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Цената на дизел горивото се намалува за еден денар, Еуросупер бензинот од 98 октани за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Зголемување на цената на мазутот е од 0,517 денари за килограм, додека цената на Екстра лесното масло за горење и бензинот од 95 октани ќе остане без промени.
Малопродажните цени на нафтените деривати и горива изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 76,00 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 78,00 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 70,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 69,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 45,775 (денари/килограм)
Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,18 проценти. Корекцијата е направена според рефернтните цени на светските пазари.