×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дизелот поевтинува за 3 денари, цената на бензините останува иста

    19.09.2022 14:09 | KumanovoNews

    Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 3,00 денари/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 1,50 денар/л, соопштува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Дизелот поевтинува за 3 денари, цената на бензините останува иста

    Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,082 денар/кг и сега ќе изнесува 50,391 денари/кг.

    Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат.

    Од вечерва, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 84,50 (денари/литар)

    Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 87,00 (денари/литар)

    Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 92,00 (денара/литар)

    Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1)“ – 89,00 (денари/литар)

    Мазут М-1 НС – 50,391 (денари/килограм)

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk