×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дизелот поскапува за два денари

    17.06.2022 18:10 | Сузана Николиќ

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија на денешната седница донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,37% во однос на одлуката од 13.06.2022 година.

    Дизелот поскапува за два денари

    Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 2,407%, додека зголемување има кај дизелот за 1,078%, кај екстра лесното масло за 0,346% и кај мазутот има намалување е за 0,102%.

    Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

    Од 18.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 111,50 (денари/литар)
    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 113,50 (денари/литар)
    Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109,50 (денари/литар)
    Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)
    Мазут М-1 НС 56,317 (денари/килограм)