×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дизелот повторно поскапува, бензините поевтинуваат

    20.06.2022 12:54 | KumanovoNews

    Дизел горивото по полноќ ќе поскапи за половина денар, додека цената на бензинот ќе се намали за 1,5 денари по литар, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

    Дизелот повторно поскапува, бензините поевтинуваат

    На забелешката дека цените се многу високи, Бислимоски рече дека тие не зависат од Македонија и нагласи дека кога некои „квази - експерти,“  кои беа актуелни за анализирање на пандемијата, се занимаваат и со толкување на цените на горивата, предвид треба да го земат и курсот на доларот кој достигна 59 денари.

    Според најавата од Бислимоски, литар дизел - гориво ќе се продава за 110 денари, колку што со намалувањето за 1,5 денари ќе изнесува и цената на бензинот од 95 октани, односно 110 денари, а пак бензинот од 98 октани ќе има цена од 112 денари.