×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ѓоргиевска: Да се вработат работоспособните стечајци

    11.06.2012 11:32 | KumanovoNews

     Стечајците не се задоволни од мерките на Владата со кои се планираат шест до осум илјади нови вработувања.

    Ѓоргиевска: Да се вработат работоспособните стечајци

    Тие бараат да се реши нивниот статус и да престанат партиските препукувања. Лилјана Ѓоргиевска, претседател на координативното тело на стечајни работници вели дека и двете политички гарнитури се виновни за нивната лоша состојба. Ѓоргиевска смета дека до Нова година ќе има социјални немири.

    Што ќе добие тој стечаец ако се вработи шест месеци? Ништо, после тоа време пак ќе биде на улица. Нека ги вработат тие за кои мислат дека се способни. А оние постари со над 55 години нека ги отераат во пензија како полиција, админситарција, нека им дадат сигурност. Нас ни пречат политичките препукувања. Оние што направија, направија, па ги сменивме, а овие што помогнаа за шест години. Која фабрика е рестартирана во Куманово? Па споменици се поважни од живи луѓе - рече Ѓоргиевска.

    Таа негира дека нив ги финансира СДСМ и вели дека доколку било така не би имале неплатени сметки. Стечајците велат дека со 10.000.000 евра колку што се потрошени за два споменика, тие ќе бидат обештетени за една година.

    Бегаме од извршители. Имаме плати неисплатени за две години. Јас морам да платам, а мене никој не ми ги дава моите пари заработени. Има неисплатени пари од Бетон, Маврово, Зик Сточарство. Предметот две години е во суд, а пари не ни се вратени - велат стечајците.

    Новиот пакет на Владата содржи 12 мерки со кои се планира да им се помогне на младите невработени лица, на компаниите, и да се обезбеди седумдневен одмор за граѓани од социјално загрозени семејства. Стечајните работници не се откажуваат од нивните барања кои се добро познати, или трајно вработување или надомест од 100 евра до пензија. Бројката на стечајни работници се движи околу 900.