Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за социјална работа Куманово од денеска ќе прима барања за остварување на правото на додаток за образование за учебната 2020/2021 година, за учениците во основно и во средно образование.
„Согласно Законот за заштита на децата, за да се оствари правото за прв мерен период, барањето заедно со потребната документација во прилог треба да се поднесе најдоцна до 15 октомври во тековната година“, соопштуваат од Центарот за социјални работи Куманово.
Барањето заедно со потврда од училиште, корисниците можат да ги поднесат во Центар за социјална работа Куманово на шалтерите во просториите на поранешна детска заштита на ул. Доне Божинов како и во просториите во подрачните служби на Липково и Старо Нагоричане.