×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До 2021 година ќе издвоиме 300 милиони денари за проекти во земјоделството, најави Алексовски

    03.07.2020 10:18 | KumanovoNews

     ВМРО-ДПМНЕ е партија која произлегува од народот, го цени и почитува трудот на секој граѓанин. Нашaта партија особено ја цени маката на земјоделецот и се обврзуваме да го вратиме изгубеното достоинство на оваа група луѓе. Земјоделците во последните три години се понижени и тоа преку намалување на субвенциите, несигурниот пласман на нивните производи и малата откупна цена, изјави Тихомир Алексовски, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

    До 2021 година ќе издвоиме 300 милиони денари за проекти во земјоделството, најави Алексовски

    Тој најави дека со многубројни мерки и проекти ќе работат во подобрување на конкурентноста на земјоделските производители на пазарот, а со тоа и подобрување на пласманот. Значајни средства ќе бидат наменети за инвестиции со кои ќе се подигне квалитетот.

    „Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи инвестиции за изградба на објекти и набавка на опрема за пакување на производите, мали винарски визби, мали млекарници и мини погони за преработка на месо. Ќе бидат подржани проекти за изградба на нови капацитети или реконструкција на постоечките со набавка на современа опрема. Конкретно тоа значи изградба и опремување на капацитетите за разладување, пакување и чување на земјоделските производи, опремување на нови или реконструкција на постоечки капацитети за сушење на овошје и зеленчук. Рокот за овие проекти е до 2021 година за што ќе бидат одвоени 300 милиони денари“, додаде тој.

    Од партијата велат дека ќе обезбедат повисоки плати и пензии, нови работни места за младите, намалување на данокот на 8 отсто, ослободување на партиципација на студенти од семејства со пониски лични примања и многу други проекти кои ќе донесат подостоинствен живот за секој граѓанин.

    „Сето оваа ќе може да го реализираме само со голема излезност на 15-ти јули. Да избереме „Обнова за Македонија“ и да ставиме крај на владеењето на криминалот и корупцијата на СДСМ и Зоран Заев.  Ве повикувам сите на 15-ти јули да го искористиме демократското право на глас, да гласаме за неопходната „Обнова на Македонија“ заокружувајќи го бројот 14“, заврши Алексовски.

    (Д. Давитковски)