×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До кога улиците ќе бидат автопазар?

    06.07.2011 10:51 | KumanovoNews

     Почитувана полицијо! Многу си ревносна и исполнителна кога треба да изрекуваш казни за сообраќајни прекршоци што, во крајна линија е в ред. Но, ај те молам, сврти ги очите и кон сопствениците на крнтии и други моторни возила означени со известувања дека ,,се продава‘‘ што ги има на стотици во сите делови на градов.

    До кога улиците ќе бидат автопазар?

    Само на паркингот пред мојата станбена зграда ги има една дузина. ,,Комбиво‘‘ на сликава ,,се продава‘‘ повеќе од една година на самиот влез на Музичкото училиште  и Дописничкиот центар на улицата ,,Братство единство‘‘ бб. Им го попречува влезот на вработените во двете институции и на учениците, се собира нечистотија под истото, им го отежнува приодот на возилата од ЈП ,,Чистота и зеленило‘‘ за празнење на контејнерите. Во три наврати до сега новинарите пријавуваа кај дежурните сообраќајни полицајци да интервенираат. Доаѓаа полицајците, запишуваа нешто во своите бележници и си заминуваа. Никако да го повикаат телефонскиот број изложен на возилото и да му наложат на сопственикот конечно да го ,,продаде‘‘ или да си го носи од местото на бесплатен паркинг. Истото важи и за сите продавачи на возила на узурпирани места по улиците или тротоарите низ градот. Граѓаните деновиве се известени дека ,,Нема веќе бесплатно паркирање‘‘!. А да си залепиме на своите автомобили известување дека ,,се продава‘‘, да си фатиме по едно згодно место и да си тераме работа?  До кога улиците и тротоарите на Куманово ќе бидат автопазар?