×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До крајот на мандатот, минамалната плата ќе биде 20.000 денари, а просечната 34.000 денари, вели Тасевска

    29.06.2020 13:13 | KumanovoNews

    На денешната прес-конференција, кандидатот за пратеник Лидија Тасевска посочи дека СДСМ ќе гради нова развојна еконимија, во која ќе растат платите и пензиите и ќе се отворат нови работни места.

    До крајот на мандатот, минамалната плата ќе биде 20.000 денари, а просечната 34.000 денари, вели Тасевска

    Таа кажа дека тие како партија во иднина се обврзуваат за грижа на сите граѓани, за иднина во која ќе се работи уште повеќе и уште подобро, за нова развојна економија, во која растат платите и пензиите и ќе се отворат нови работни места. Како што рече, нивната програма предвидува до крајот на мандатот, минималната плата да достигне до 20.000 денари, просечна плата да се крене на 34.000 ден., а прагот за повратот на ДДВ да се крене од 600 на 800 денари месечно за стотици илјади граѓани.

    „Денес имаме решенија за сите, решенија за иднината. Имаме понуда која носи нова македонска развојна економија. Ги штити работниците, носи повисоки плати и нови работни места во сите сектори. До крајот на мандатот, минималната плата ја креваме на 20.000 денари. Тоа ќе биде повисоко дури за 120% од они 9.000 денари на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. Просечната плата ќе ја кренеме на 34.000 денари. Исто така, прагот за поврат на ДДВ го креваме од 600 на 800 денари месечно за стотици илјади граѓани. До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%. Тоа ќе обезбеди постојан раст платите, а најниските пензии да се зголемат за најмалку 21%. Покажавме дека умееме и можеме многу побрзо од нашите опоненти“, рече Тасевска, кандидат за пратеник на СДСМ.

    Тасевска рече дека СДСМ го реализира концептот парите назад кај граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ нуди само обнова на режимот и завршување на парите во белиот дворец.

    „Од една страна е СДСМ и парите кај граѓаните, а од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ кое ги краде парите од граѓаните. СДСМ го реализира концептот парите назад кај граѓаните, а ВМРО ДПМНЕ нуди само обнова на режимот и завршување на парите во белиот дворец. ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на минимлната плата, и против покачување на пензиите. Против проектот мој ддв, на 15-ти јули граѓаните ќе одберат парите да завршуваат во нивните буџети и да продолжи растот на платите и пензиите“, заврши таа.

    (Д.Давитковски)