Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните кои припаѓаат на повеќе ранливи категории ќе добијат финансиска поддршка од Општина Куманово за покривање на трошоците за извршени комунални услуги за што треба да поднесат соодветни барања до надлежните служби до 28 јануари годинава.
За оваа намена општината издвои околу 11,5 милиони денари за 2022 година. Секое семејство ќе биде субвенцирано со по 1200 денари од кои 900 денари се наменети за користењето на вода, а 300 денари за изнесувањето на комунален смет.
„Право на субвенционирање на трошоците за комунални услуги имаат самохраните родители, стечајните работници, лицата кои до 18 години добиле статус на деца без родителска грижа, згрижувачки семејства, слепите и глуви лица, лицата кои користат право на социјална сигурност, а се повозрасни од 65 години, лицата со гарантирана минимална помош, кои не се станбено обезбедени, односно живеат под кирија и други ранливи категории“, информираше Цоки Ристовски, раководител на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.
Тој повикува граѓаните од наведените категории да поднесат барање до општината за да ги остварат своите права за покривање на трошоците за комунални услуги за 2022 година.
Барањата можат да се подигаат од 17 до 28 јануари во архивата на Општина Куманово и на портирницата во зградата на поранешен АД „Козјак“, спроти Градскиот стадион каде се наоѓа Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.
Барањата со потребната документација треба да се достават до архивата на Општина Куманово најдоцна до 28.01.2022 година.
„Општината во изминатите неколку години ги субвенционира овие трошоци на ранливите категории, а решенијата ги добиваат само за тековната година. Оние што и досега ја добивале оваа поддршка, а кои и понатаму спаѓаат во ранливите категории, треба само да ги обноват своите барања со потребната документација за 2022 година“, појаснува Ристовски.
Подетални информации за остварување на ова право корисниците може да добијат на општинската веб страницата на следниот линк