×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До крајот на неделава се очекува да се ажурира апликацијата „Мој ДДВ“, велат од УЈП

    27.07.2022 22:21 | Сузана Николиќ

    Ажурирањето на апликацијата „Мој ДДВ“ се очекува да заврши до крајот на неделата, по што од УЈП ќе ги извести граѓаните кога ќе можат да го користат напредниот начин на скенирање.

    До крајот на неделава се очекува да се ажурира апликацијата „Мој ДДВ“, велат од УЈП

    „Тимот на УЈП, целосно е ангажиран, со цел во најкраток рок да се заврши овој процес на прилагодување на апликацијата. Вчера и денеска, беа направени дополнителни прилагодувања,  очекуваме, веќе до крајот на неделата да се заврши процесот, по што ќе ги информираме корисниците од кога повторно ќе можат да користат напреден начин на скенирање. Благодариме на разбирањето за процесот на прилагодување и додека времено се користи овој основен начин на скенирање, кој е базиран на можностите на телефонот и не е доволен за сите граѓани да можат брзо и ефикасно да ги скенираат бар кодовите од фискалните сметки“, велат во УЈП.

    Тие додаваат дека дополнителната надградба на софтверот се парави за да се овозможи напреден начин на скенирање, со што ќе се изедначат можностите на сите граѓани, без разлика каков телефон поседуваат.

    Додека трае ажурирањето и прилагодувањето граѓаните за да ги скенираат фискалните сметки, потребно е во мобилната апликација во делот ,,ПРОФИЛ“ во прозорчето ,,Тип на баркод скенер“  каде што сега стои ,,Напреден“ да ја изберат опцијата ,,Основен“. Фискалните сметки кои не може да се скенираат преку опцијата ,,Основен“ може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи. 

     

    Од УЈП информираат дека во август на граѓаните ќе им бидат исплатени средства од МојДДВ.