×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До понеделник ќе трае повикот за пријавување на културни настани кои ќе ги финансира Општината

    19.10.2024 11:16 | KumanovoNews

    До понеделник трае јавниот повик на Општина Куманово за прибирање на предлог- проекти за организирање на културни манифестации за наредната 2025 година.

    До понеделник ќе трае повикот за пријавување на културни настани кои ќе ги финансира Општината

    Повикот се однесува на јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност, а кои имаат нови идеи и проекти кои ќе го збогатат културниот живот во градот.

    „Јавниот повик се покажа како успешна алатка на транспарентен начин да се поддржат традиционалните културни настани, но и да се даде можност на нови креативни проекти поднесени од креативни и иновативни здруженија. Водејќи се од досегашното искуство, ги охрабруваме сите набројани во повикот да се пријават од 7 до 21 октомври во општинските служби. Сите предлог-проекти кои ги исполнуваат условите, а ќе бидат од најголем интерес за развој и унапредување на културата ќе бидат дел од Програмата за културни манифестации за 2025 година која ќе биде предложена пред Советот на Општина Куманово“, истакна раководителот на Секторот за култура Александара Крстевски.

    Финансиската рамка за доделени средства преку овој јавен повик ќе биде дефинирана со донесување на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година, а подетално за тоа со колку пари ќе располагаат за ова намена секторот ќе има информации во ноември.

    За Програмата за културни манифестации за тековната година од страна на Советот и Општината беа издвоени 20 милииони денари од буџетот.