×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Доцевска-Божиновска најави реонски пазари и катна гаража кај ЗИК

    09.10.2021 17:31 | Сузана Николиќ

    Носителката на листата на кандидати за советници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Елена Доцевска- Божиновска денеска најави модернизација на градскиот и реонскиот пазар лоциран на булеварот „Октомвриска револуција“, како и изградба на два нови реонски пазари и катна гаража кај поранешен ЗИК.

     

    Доцевска-Божиновска најави реонски пазари и катна гаража кај ЗИК

    „Многу наши сограѓани не ги посетуваат пазарите затоа што не е решено паркирањето, односно нема соодветен паркинг простор. Поради тоа најавуваме изградба на катна гаража спроти градскиот пазар, на локација на поранешен ЗИК, а по предходна дислокација на училиштето од импровизирано во новоизградено училиште. Најавуваме решение за сите горливи прашања и проблеми што ги имаат закупците на тезгите, пред се ревизија и воведување на ред во договорите за закуп. Создавање на услови за работа во зимскиот и летен период, како и одржување на хигиена на градскиот пазар“, кажа Доцевска-Божиновска.

    Таа најви и изградба на два нови реонски пазари во населбите „Гоце Делчев“ и „Карпош“, со модерни и практични решенија за пристап и паркинг.