×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Доцнат субвенциите за земјоделците

    23.12.2013 15:33 | KumanovoNews

     Дел од земјоделците на денешната средба со пратеничката Ленче Николовска се пожалија дека не им се исплатени субвенциите за 2013 година, а останале и без дел од сретствата за 2012 година.

    Доцнат субвенциите за земјоделците

    За 2012 година  нема пари за третиот квартал за предадено млеко и за обработливо земјиште. Веќе четврти квартал поминува каде што треба да ги предадеме барањата за субвенции и од сето тоа до сега нема ништо. Само празни ветувања. Чувме дека одвоиле 20 милиони евра плус за 2014 и како млад земјоделец се надевам искрено дека тие пари ќе ги добиеме до 2020 година - вели еден земјоделец.

    Николовска смета дека тоа е погубно за земјоделците.

    Јавно ја прашуваме партијата на власт и премиерот Груевски зошто оваа година и покрај обезбедените пари не е исплатен ниту денар за субвенции за земјоделците од буџетот за 2013, а воедно и му укажуваме дека ова доцнење е погубно за нашите бизниси. Да ви кажеме дека субвенциите не се развојна компонента, ниту пак социјална. За вас субвенциите се само изборна алатка која е во ваши раце - изјави Николовска.

    Таа вели дека следните два месеци земјоделците ќе ги посетуваат претставници од ресорното министерство за да ги информираат за ИПАРД и се сомневаат дека со тоа власта ќе врши притисок врз нив за претстојните избори.Од СДСМ потсетија дека лани во овој период власт ги повикуваше земјоделците на протести пред штабот на СДСМ и Собранието со објаснување дека ако не се донесе буџетот ќе нема 130 милиони евра за субвенции.

    И покрај родната и бериќетна година, пазарната цена на пченицата никогаш јавно не беше соопштена освен за сликање на ресорниот министер со земјоделските лидери со сталинистички мандат. Цената на оризот многу ниска, за цената на јаболкото никој веќе не смее ни да прозбори. Цената на млекото никаква, а од година во година се помалку ги има. Овие денови и тутунарите дојдоа на ред. Субвенциите им требаат на земјоделците да бидат конкурентни на пазарот - рече Трајан Димковски, член на советот за земјоделство и рурален развој при СДСМ.

    На трибината беше потенцирано дека соседните земји завршија со исплата на субвенции за оваа година, а во Бугарија веќе од 2 јануари 2014 година ќе добиваат ваучери за зелена нафта.

    Денешната трибина што ја организираше Советот за земјоделство и рурален развој на СДСМ Куманово.