Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сто опаковки од различни додатоци за исхрана, минатата недела се откриени на граничиот премин Табановце.
Додатоците се најдени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во кеси под возачкото и на совозачкото седиште се привремено задржани, а против прекршителот е поведена прекршочна постапка.
На Табановце минатата недела запленети се и 20 комплети ламела со потисна плоча и замaец за различни возила во македонски камион.