ДОМ отвори општински изборен штаб во Куманово
Лилјана Поповска, претседател на Демократската обнова за Македонија, денеска во Куманово го отвори општинскиот изборен штаб.

Штабот е веднаш до кино “Козјак“ и тие во попладневните часови ќе бидат отворени за идеи кои би можеле да се вметнат во изборната програма.
ДОМ прави обиколка по изборни штабови низ Македонија. Денеска сме во Куманово и со колегите од партијата да поразговараме каква кампања ќе водиме. Знаете дека ДОМ секогаш излегува со позитивна кампања, толеранција и разбирање за различни ставови на различни политички субјекти. Позитивната кампања ќе ги содржи програмските определби на ДОМ и тие се познати. Борба за здрава животна средина против загадување, инвестирање повеќе во екологијата, социјална правда, примена на современа технологија со обновливи извори на енергија. Тој “зелен“ пакет е секогаш на нашата агенда - изјави Поповска.
Таа потврди дека остануваат во коалиција со ВМРО - ДПМНЕ, ја поддржуваат кандидатурата на претседателот Ѓорѓе Иванов, од кого побарале поголем ангажман за еколошките проблеми.