×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Домот на АРМ ќе стане Архив

    10.05.2011 11:00 | KumanovoNews

     Во Домот на АРМ во Куманово ќе се сместат Државниот архив  и Министерството за земјоделство. Одлуката на Владата за трајно користење на домот била донесена на 12 април годинава,а во петокот и официјално било извршено примопредавање на објектот од трите институции.

    Домот на АРМ ќе стане Архив

    Државниот архив, одделение Куманово ќе добие 1476 метри квадратни простор, во кој спаѓаат два ката, мезанин и подрумот на зградта, а подрачното министерство за земјоделие приземниот дел на зградата. Сегашните простории на Архивот се со само 260 метри квадрати, поради што единствен во државата ги нема преземено судските и стопански фондови. Вработните се задоволни од одлуката, бидејќи од осамостојувањето на државата кубурат со простор за сместување на архивските фондови и збирки на податоци од општините Куманово, Крива Паланка и Кратово.

    Со добивање на новиот простор, засекогаш ќе се решат просторните проблеми на нашиот Архив. Меѓу првите активности ќе треба да ја преземеме судската докумантација од имотно-правен карактер од судовите во Куманово, Кратово и Крива Паланка, како и стопанските фондови за фирмите кои во изминатите 20 години се во стечај или ликвидација- вели Миродија Стојановска, раководител на одделението во Куманово.

    Зградата за еден месец треба да се реновира, а за шест месеци да ги прими новите станари.

    За Домот на АРМ, кој е на атрактивна локација на влезот во градот, со години наназад се заинтересирани локални бизнисмени, кои најавуваа дека ќе го направат хотел, казино или деловен простор.