Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Комуналното претпријатије “Бор“ од општина Липково, следниот месец треба да добие два камиони, донација од претпријатије со иста дејност од Цирих, Швајцарија.
Едниот од камионите ќе биде наменет за чистење на снег во зима, а другиот за собирање на смет.
“Сакаме да работиме ефикасно, и да ги покриеме соодветно сите населени места. За таа цел овие возила ни се потребни. Ние имаме човек од Липково кој во тамошното претпријатије работи 10 години, и со негово посредство ја добивме донацијата. Лани од истиот донатор добивме 2 камиони, и пред тоа пред две години исто ни дадоа возило“ - вели Фатмир Тасуми, директор на комунално претпријатије “Бор“.
Тасуми објаснува дека засега располагаат со 2 трактори, 3 камиони и еден багер.