×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Донесен правилник за подобрување на енергетската ефикасност

    01.07.2015 14:24 | KumanovoNews

    Советниците денеска го изгласаа правилникот за определување на критериумите и условите кои треба да се исполнат, за имплементирање на мерките за обезбедување поддршка за подобрување на енергетската ефикаснот во колективното домување во Куманово.

    Донесен правилник за подобрување на енергетската ефикасност

    Посебна комисија ќе се формира и ќе ги разгледува барањата на оние кои се заинтересирани за вклучување во проектот. Советникот Ашмет Османовски од Коалицијата За подобра Македонија, вели дека граѓаните треба да ги искористат поволностите на овој проект, каде Хабитат Македонија ќе учествува со 80 отсто, а општината со 20 отсто. Ќе се замени надворешна столарија, покрив,  фасада со што зградите ќе добијат нов лик.

    Овој проект е во интерес на самите граѓани и за општината која ќе добие поинаков изглед. Особено во централното градско подрачје, згради кои се поодамна изградени и нивните фасади се во фаза на распаѓање. Правилникот ќе профункционира ако има интерес од граѓаните - вели Османовски.

    Горан Митевски, раководител на сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции во општината, вели дека проектот ќе се реализира првенствено во центарот на градот.

    Може да биде опфатен и поширок дел од Куманово, во зависност од интересот на станарите. Што се однесува на правилата, важно е дека општината гарантира дека 20 отсто од вредноста на заедничките простории, на фасадата и на покривот ќе ги обезбеди и ќе учествува во самото финансирање, изградба и реконструкција - рече Митевски.

    Советниците ја спомнаа и статиката на зградите, на што Митевски вели дека опасност по статиката на зградите нема и не би требало да има.