×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Доверба“ со помош за самохраните мајки

    26.06.2015 13:59 | KumanovoNews

    Невладината организација „Доверба“ заедно со уште неколку државни институциии, преку обуки им помогна на 20 самохрани мајки од Куманово.

    „Доверба“ со помош за самохраните мајки

    Овие жени следеа обуки за комуникациски вештини, психосоцијална рехабилитација и личен раст и развој.

    Целта е да зајакнат, да можат подобро да се снаоѓаат, да бидат свесни за своите можности и способности. Да стекнат доверба  во себе, затоа што многу од нив се социјални случаи, односно корисници на социјална помош. Тоа им треба, но освен материјална помош, многу од нив се наоѓаа во тешка психичка состојба, односно во изолираност од општеството. Беа поттикнати дека тие можат и беше тоа еден интегриран пристап - изјави Дивна Јанкова, претседател на „Доверба“.

    Сунчица Димитријоска, професорка од Филозофскиот факултет вели дека самохраните мајки стекнале вештини со кои полесно ќе се снајдат во општеството.

    Некои од нив имаа проблеми со децата, во зависност од нивната возраст, нивната состојба, од средината во која живеат самохраните родители, затоа што нивните потреби, ситуации се индивидуални - рече Димитријоска.

    Една од самохраните мајки го сподели искуствиото, за тоа колку обуките неа лично и помогнале. Дваесет и шест годишната Христина Алексовска, инаку невработена, вели дека се информирала за своите права.

    Имавме многу стручни професори кои што ги држеа предавањата, така што ни објаснуваа како самите да се справиме со стресот, како да комуницираме со другите луѓе. Ни помогнаа за нашата самодоверба и самопомош - кажа Алексовска.

    Проектот се реализира заедно со МТСП, Агенцијата за вработување и Владата.