×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дождот го расипа протестот на матурантите

    19.03.2015 13:43 | KumanovoNews

    Дождот го растури протестот на матурантите, кои денеска требаше да  се соберат пред канцелариите на Министерството за образование во Куманово.

    Дождот го расипа протестот на матурантите

    Учениците тргнаа од пред Гимназијата “Гоце Делчев“, стигнаа до Градскиот плоштад, и откако почна да врне се разотидоа.Нивните барања не ги слушнаа надлежните од образованието.

     Тие уште еднаш повторија дека се незадоволни затоа што надлежните од Министерството за образование, не го прифаќаат  нивното барање да се укине математиката како задолжителен предмет за полагање на екстерно тестирање.

     Отсекогаш не учеа дека иднината нам ни останува, а кога ние го кренавме гласот, кога сакавме да ја земеме иднината во наши раце, тогаш не етикетираа како корумпирани бандити. Се собравме тука за да им порачаме на позицијата и опозицијата да не не мешаат во нивните политички сплетки. Ние сме средношколци, не партиски пиуни,- рече Маркус Крстев од  Гимназија „Гоце Делчев“.

     Матурантите најавуваат нови протести за наредните денови.Кумановските матуранти, први во државата ги почнаа протестите при крајот на февруари и ја бојкотираа наставата 4 дена, а подршка добија и од остатанатите ученици.