×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДПСМ бара да присуствува на координација на Совет

    19.09.2011 11:52 | KumanovoNews

     Советниците на Демократската партија на Србите во Македонија, бараат да бидат дел од координативното тело, кое заседава пред секоја седница на Совет, бидејќи  таму присуствувале и нивни колеги со помал број на освоени советнички места.

    ДПСМ бара да присуствува на координација на Совет

    Советникот Небојша Томовиќ, смета дека освен советничките групи на СДСМ, Колацијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои имаат три и повеќе советника,  сите останати членови на Советот, немаат право да присуствуваат на координација, ако не се групираат.  

    Ако не се почитува тоа, тогаш барам на координативните состаноци да има и претставник на ДПСМ, бидејќи ние сме четврта партија по бројот на освоени советнички места. Незнам од кои побуди нас не опструираат на сите формални и неформални средби, а присуствуваат претставници на политички партии кои имаат еден советник - вели Томовиќ.

    Тој додава дека ДПСМ како дел од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, е задоволна од соработката со нивната советничка група, но бараат ист третман со останатите политички партии. Најави дека на наредната седница на Совет ќе бара ова прашање да се постави како точка на дневен ред.   

    Правниците кои ги консултиравме велат дека во деловникот јасно е пропишано дека координативното тело го сочинува по еден член на Советот, како претставник на листата за избор на членови на Советот што добила мандат на одржаните локални избори, а ДПСМ бидејќи настапила заедно во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ нема право на свој координатор во Советот.