Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Демократската партија на Србите во Македонија вчера прослави 21 година постоење и успешно дејствување на политичката сцена во Македонија.
Во просториите на изборниот штаб, највисокото партиско раководство заедно со членовите, со торта го прослави роденденот.
Ние сме една од првите регистрирани партии во Македонија, која со години стекнува се поголем број на членови во целата држава, а особено во Куманово. Во изборна кампања одбележуваме еден значаен датум, 21 година постоење на партијата. Среќни сме што празнувањето поминува во работна атмосфера и со масовно присуство на нашето членство. Досегашните резултати ни се потик за нови успеси и затоа очекувам јакнење и раст на ДПСМ посебно во Куманово, каде на локалните избори очекуваме голема победа на грдоначалникот и на советничката лисата. Во идниот Совет на Општина Куманово ќе имаме три советника што значи дека по 8 години Србите ќе се вратат на локална власт и активно ќе се вклучиме во решавањето на проблемите во населбите каде што живее српско население, што не беше случај досега- изјави лидерот Иван Столковиќ за Kumanovonews.
Стоиликовиќ, мината година ќе ја паметат по успехот во одбележувањето на Кумановска битка, на која присуствуваа лидерите на српските држави во регионот, како и одличната соработка во градењето на односите на Србија и Македонија.
Во наредниот период, покрај победата на локалните избори во Куманово и Старо Нагоричане, очекуваа и напредок во образованието на Србите и поголема подршка на централната власт за решавање на инфраструктурните проблеми во Старо Нагоричане.