×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДПСМ очекува две пратенички места на следните избори

    28.12.2010 12:08 | KumanovoNews

    Демократската партија на Србите во Македонија синоќа одржа новогодишна седница, каде пред членовите зборуваа претседателот на органокот Бобан Јакимовиќ, претседателката на клубот на жени Емилија Томиќ, претседателот на младите Далибор Китановиќ и лидерот  Иван Стоиљковиќ.

    ДПСМ очекува две пратенички места на следните избори

    Во получасовното обраќање Стоиљковиќ се задржа на актуелните теми: културното наследство на Србите во Македонија и неодамнешниот инцидент со Собранието со пратеничката Радмила Шекеринска, донесување на Законот за пратенички места на помалите етнички заедници и престојниот попис на граѓаните во Република Македонија. Според очекувањата на Стоиљковиќ , по наредните избори ДПСМ ќе има две пратенички места во Парламентот и со тоа улогата на Србите и нивната застапеност во извршната власт ќе биде поголема.

    Пратеникот се осврна и на резултатите во решавање на повеќе инфраструктурни проблеми во местата каде што живејат Срби.

    Во Општината Старо Нагоричане само за 1,5 година направивме патишта во должина од 56 километри, а за наредната година само за изградба на инфраструктурата обезбедивме 900 илјади евра, па незнам дали градоначалникот ќе успее да ги потроши- рече Стољковиќ.

    Во свеоето обраќање тој посебно ја пофали работата на младите во ДПСМ, а на крај без поделени и нови 150 членски книшки.

    По завршувањето на седницата за членовите и нивните пријатели беше организиран Новогодишен коктел.