×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дрекслмајер донираше специјално возило за лицата со посебни потреби во Куманово

    15.02.2024 08:51 | KumanovoNews

    Oпштина Куманово доби специјално транспортно возило наменето за лицата со посебни потреби од компанијата Дрекслмајер.

    Дрекслмајер донираше специјално возило за лицата со посебни потреби во Куманово

    Возилото е опремено со автоматска рампа за инвалидска количка, а располага и со соодветно простор за транспорт на опремата за потребите на лицата со инвалидитет.

    „Драго ни е што како компанија имаме можност да дадеме свој придонес за подобрување на благосостојбата и квалитетот на живот на лицата со телесна попреченост. Веруваме дека со донацијата на специјалното возило, на оваа категорија граѓани ќе им биде овозможена поголема инклузивност во општествените процеси, но и дека ќе влијаеме на зголемувањето на свеста за потребите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

    Донираното возило ќе се стави на располагање на сите здруженија за лица со посебни потреби во градот согласно нивните потреби, но ќе се грижи и за негово тековно одржување.

    „Би сакал да искажам искрена благодарност до Дрекслмајер, бидејќи на иницијатива на компанијата, на лицата со специјални потреби во Куманово и околните населени места во рамки на општината ќе им се олесни секојдневното живеење“, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

    Компанијата го поддржа и целосното опремување на сензорна соба во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово кадешто под надзор на стручен кадар дечињата со телесен инвалидитет се соодветно вклучени во образовниот процес. Дрексламјер, претходно донираше специјални возила наменети за лицата со посебни потреби во Кавадарци, Велес и Градско.