Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Меѓународниот ден на животната средина Дрекслмајер Куманово заедно со своите вработени успешно реалзираше акција за пролетно чистење во центарот на Куманово.
Со висока мотивираност и волонтерски пристап вработените тимски работеа кон подобрување на околината и животната средина во својата заедница.
Пролетната акција за чистење беше реализирана во соработка со јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, од Куманово кое го презеде собраниот отпад по завршувањето на акцијата.
Акциите од ваков тип се редовна практика за Дрекслмајер Македонија како дел од стратегијата за заштита на животната средина.
„Преку континуиран волонтерски ангажман од ваков тип се трудиме да бидеме пример во градењето еколошки одржлива иднина и поттикнување на свеста за почиста и поздрава околина. Грижата за животната средина неопходно е да стане сечија секојдневна активност, а ние ќе продолжиме и во иднина да бидеме вистински пример во таа насока и заедно да работиме на зголемување на свеста за зачувување на природата“, вели Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.
За вработените во Дрекслмајер Куманово, оваа акција за пролетно чистење е уште една можност да придонесат за одржување на околината и чистата животна средина преку поставување на пример за одржливо одговорно однесување.
„Секогаш со задоволство сум дел од акциите за пролетно чистење кои се комбинација од еколошки придонес и колегијално дружење“, вели Александар Стојановиќ, вработен.
Феркан Салии, исто така вработен во Дрекслмајер Куманово смета дека ваквите активности се одлична можност за зајакнување на тимскиот дух каде покрај индивидуалниот труд кон подобра еколошка иднина тие се и добра прилика за дружење и убаво
поминат ден со колегите.