×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дури 99 отсто од малолетниците кои експериментираат со опојни дроги стануваат зависници, укажуваат лекарите

    05.12.2023 15:46 | Оливера Пешевска

    Во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово се организираше дводневна трибина со учениците од основните и средните училишта од Куманово, како дел од проектот „Едуцирај,информирај превенирај“. Организатор е општинската организација на Црвен Крст Куманово, а повод одбележување на месецот на борба против болестите на зависност.

    Дури 99 отсто од малолетниците кои експериментираат со опојни дроги стануваат зависници, укажуваат лекарите

    Со младите се разговараше за пушењето, алкохолот и дрогата, но и за современите зависности, интернет, видео игри и коцкањето.

     „Пушењето е најдостапна зависност. И покрај забраната за продажба и на малолетници купуваат цигари. Од 15-24 годишна возраст е позастапено користењето на алкохол и наркотици, затоа што тука е фазата на пробување, докажување пред другарите, екпериментирање, додека злоупотреба на алкохолот е најзастапена кај постарата популација, каде предничи машкиот пол. Застрашува податокот дека околу 99% од малолетниците кои експериментираат со опијати развиваат зависност, најчесто на хероин. Достапен е и евтин споредено со другите психотропни супстанци, но многу бргу создава јака физичка зависност и многу тешко може да се излечи“, вели д-р Катерина Петковска, специјализант по ендокринологија и метаболни болести.

     Зависноста од дрога, најчесто започнува со користење на марихуана, која потоа ширум ги отвара портите за т.н. потешки дроги. Постојат викенд или со корисници со повод, но има и такви кои секојдневно конзумираат. Тука се и таблетарните зависности со лекови за смирување како што се лексилиум, дијазепам, хелекс, тромадол и како последна фаза метадон.  Докторката нагласува дека зависниците се многу иновативни како да дојдат до одредена количина, иако ги нема во слободна перодожба и строго се води евиденција кому, кога и која количина на терпија му е препишана од лекар.

    „На токсикологија се јавуваат најчесто со предозирања за време на викендите или празниците, прекумерна употреба на дрога или алкохол, а не е ретко и комбинирано. Сме имале случаи и од свадба да донесат пациент. Превенцијата се ваквите работилници, подигањето на јавната свест, но се поаѓа од семејството. Последицата е токму зависноста, од која нема враќање, затоа и велиме „лош пат“. Второ загрозене е кардиоваскуларниот систем, пулмонални проблеми, подложност на различни инфекции ХИВ/СИДА,хепатит Б или Ц. Но и првична психолошка зависност, со намалена концентрација, отсутност, намалена меморија, мозочни оштетувања, асоцијалност. Наркоманите се најмногу општествено стигматизирани, главно се држат и дружат меѓу себе, се препознаваат меѓу себе, најчесто проблем им се финансиите кои би ја поддржувале зависноста, но не работат“, објаснува д-р Петковска.

    Во ваква форма за прв пат, ексклузивно се воведува ваков тип на соработка со општината, иако секоја година го одбележуваат месецот на борба против зависности, со засебни, поединечни предавања во секое училиште.

    „Трибината ја водат д-р Катарина Петковска и врсничкиот координатор и едукатор на Црвен крст Никол Ѓорѓевска. Се обработуваат пушењето,алкохолот и дроги и останати психотропни супстанци.Зависностите на модерното време како што се интеренет зависност, екранизираност, зависност од видео игри или коцкање се спомнуваат, но на прво споменатите се става акцент“, истакна секретарот Ива Младеновска.

    На првиот,вчерашен ден се работеше со учениците од училиштата Браќа Миладиновци, Крсте Мисирков, 11 Октомври, Христијан Карпош, Бајрам Шабани и Кочо Рацин, на која присуствуваа повеќе од 120 деца. Денеска присуствуваа средношколците од Куманово и тоа од Гимназијата „Гоце Делчев“,„Киро Бурназ“ и ученици од паралелките и на македонски и на албански наставен јазик од „Наце Буѓони“.

    Проектот „Едуцирај,информирај превенирај“ на Општинската организација на Црвен крст Куманово се одржува со поддршка на Општина Куманово.