×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Два автобуси и пет патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

    13.06.2022 14:06 | Сузана Николиќ

    Полицијата од Граничен премин Табановце, во изминатите три дена извршила контрола на осум патнички возила и на два автобуса, кои вршеле меѓународен превоз на патници, при што открила дека 7 немаат соодветна документација.

     

    Два автобуси и пет патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

    При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.С.(45) од Струга и Р.Ш.(68) од с.Долна Бањица, гостиварско и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Б.(37) од с.Јанче, општина Маврово и Ростуше, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

    „Исто така, при контрола во патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(50) од Куманово, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(42) од општина Липково, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(38) од с.Ропаљце, општина Липково, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.А.(29) од с.Мокриево, општина Ново Село и патничко возило „форд галакси“ со бугарска национална ознака, управувано од Д.Л.(30) од Свети Николе, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација“, соопшти МВР.

    При контрола во три патнички возила, двете со струмички регистарски ознаки, управувани од Ж.Ј.(37) од Струмица и од А.В.(31) од с.Василево, струмичко, и едното со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т.(29) од Радовиш било констатирано дека имале поголема количина на багаж од предвидената.

    Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.