Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 3 дена на ниво на државата регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.257 тестови.
По градови во: Скопје – 93, Битола и Кавадарци – по 8, Прилеп, Охрид, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Неготино – по 2, Тетово, Кичево, Свети Николе, Дебар, Виница и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (135), регистрирани се 25 реинфекции.
Регистрирани сe 164 оздравени пациенти од: Скопје – 121, Битола – 19, Штип – 4, Прилеп – 3, Кавадарци, Куманово, Неготино, Кичево и Свети Николе - по 2, Велес, Тетово, Кочани, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.
Во Куманово регистрирани се 5 активни случаи на ковид-19.