Два посебни случаи за пронајдена дрога во Куманово
18.05.2022 10:12
| KumanovoNews
Во два посебни случаи, СВР Куманово поднесе кривична пријава за делата неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и овозможување на употреба на наркотични дроги.

Во првиот случај кај Д.П(34) при преглед, полициски службеници пронашле и одзеле амфетамин и МДМА таблети.
Во втората пријава кај С.Т(47), полициски службеници при претрес во домот на пријавениот пронашле и одзеле марихуана, амфетамин и предмети со остатоци од кокаин и марихуана.