×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дваесет нови случаи на ковид-19 во Куманово

    29.08.2020 14:13 | KumanovoNews

     Во Центраот за јавно здравје во Куманово, регистрирани се нови 20 заболени од коронавирус.

    Дваесет нови случаи на ковид-19 во Куманово

    На ниво на државата во последните 24 часа направени се 1297 тестирања, а регистрирани се 131 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 34,  Куманово 20, Прилеп 8, Гостивар 12, Берово 6, Виница 6, Делчево 10 и Свети Николе 5.

     Починати се 6 лица, еден пациент од Охрид (56), двајца пациенти од Скопје (63 и 80), двајца од Прилеп (78 и 54) и еден пациент од Штип (82).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравен пациент.

    Досега во земјата се направени вкупно 147.002 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14293, бројката на оздравени пациенти е 11014, на починати е 596, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683.