×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дваесетина деца секојдневно питачат по кумановските улици, итно им е потребна институционална поддршка

    12.04.2024 16:29 | KumanovoNews

    Дваесетина деца секојдневно питачат по кумановските улици, а најчесто можат да се видат на раскрсниците во централното градско подрачје или на влезот во Куманово.

    Дваесетина деца секојдневно питачат по кумановските улици, итно им е потребна институционална поддршка

    Според невладините организации, главно се работи за деца од ромската заедница кои живеат во супстандардни услови, без нормални услови за раст и развој. Одреден дел од овие лица не се впишани ниту во матичната книга на родени, што ги прави социјално поранливи. Децата се возраст од 5-10 години, но ги има и помали и поголеми. Додека просат главно се сами, но секогаш во близина ги чекаат родителите или некој од фамилијата кој им ги зема парите.

    Во обид да им помогне на решавање овој проблем, невладината огранизаци ДРОМ во партнерство со Општина Куманово реализираше проект за отворање на Дневен центар за згрижување на деца на улица, како дел од Програмата за социјална заштита. 

    Дневен центар беше замислен како место за  престој на децата после училиште, пишување на домашните работи, совладување на наставниот материјал, стекнување на работни и хигиенски навики. Преку разговори и работилници со психолог и социјален работник би ги инфорирале малолетниците за опасностите од раснење на улица, кои можат да имаат здравствени, социјални импликации, погрешни ставови за опкружувањето и кои ги прават поподложни на девијантни или пак криминални влијанија.

    „Анкетиравме 20-тина деца на улица, добро познати на јавноста. Од нив 15, во еден момент 16 го посетуваа дневниот центар. По завршување на дневните активности, во попладневните часови се враќаат на питачење на улиците. Проблем се и родителите кои наместо да им забранат, ги пуштаат без надзор, за да обезбедат некој денар за фамилијата“, објаснува Ахмет Јашаревски, извршен директор на Центарот за ромска заедница ДРОМ, кој вели дека проектот нема да продолжи затоа што нема институционална и меѓуресорска соработка.

    Овој проблем е национален, затоа е потребна поголема соработка меѓу централната и локалната власт, и вклучување на сите релеватни институции.

    „Ги понудивме бесплатно просториите на ДРОМ, не посети и комисија од Министерството за труд и социјална политика. Но, нивните барања се да имаме обезбедено опремена кујна, посебна просторија за интервјуа и психоанализа, машина за садови и перење, инвестиции кои би чинеле од 10 до 15 илјади евра. Без лиценца донаторите не вложуваат, без вложувања не можеме да се лиценцираме и така влегуваме во тој маѓепсан круг“, констатира Јашаревски.

    Од ДРОМ се во очекување на комисискиот записник од министерството, за да знаат кои чекори да ги преземат во иднина и како да тргнат во спроведување на она што го замислиле.

    Имало повеќе обиди децата да се тргнат од улица и преку почести контроли на плоштадот и крстосниците каде најчесто мат да се видат. Акциите се реализирале во координација- СВР Куманово, Центарот за социјални работи и активисти од невладиниот сектор, но немало видлив ефект.

    Денеска е 12 Април – Меѓународниот ден на децата на улица, на кои им треба институционална поддршка и образование, за да станат корисни граѓани на ова општество.