Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 21.10 часот ги лишиле од слобода Н.М.(61) и Д.И.(34), двајцата од Куманово.
Тие биле затекнати во деловен објект во с.Доброшане, кумановско, при обид да извршат кривично дело „тешка кражба“.
Кај нив биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.