×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двајца кумановци вицепремиери во новата Влада на Мицковски

    25.06.2024 13:13 | KumanovoNews

     Иван Стоилковиќ од ДПСМ и Арбен Фетаи од Алијанса за Албанците, и двајцата од Куманово, се вицепремиери во новата влада на премиерот Христија Мицковски.

    Двајца кумановци вицепремиери во новата Влада на Мицковски

    Стоиљковиќ е вицепремиер за односи меѓу заедниците, а Фетаи e вицепремиер за политики и добро владеење.

     

    Ова се нивните биографии:

    Иван Стоиљковиќ – вицепремиер за односи меѓу заедниците

    Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ) е роден на 15 февруари 1962 година.

    Стоиљковиќ е дипломиран правник, а своето високо образование го завршил на Правниот факултет во Скопје, при Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ на политичко – управна насока. Како мајчини јазици ги има наведено македонски и српски, а од странски јазици вели дека има основно познавање на англиски јазик. Од дигитални вештини располага со Microsoft 365.Во неговата биографија стои дека од 2001 до 2019 година ја извршувал функцијата претседател на Демократската партија на Србите во Македонија. Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија е од 2002 година и тековно. Претходно, бил основач и директор на Градежно претпријатие „LAMAX CO“ и претседател на Младински совет во Куманово. Стоиљковиќ наведува дека има повеќе авторски текстови, како и бројни придонеси кон српската заедница во државава. Има неколку благодарници и сертификати, а учествувал и на повеќе конференции.

     

    Арбен Фетаи – вицепремиер за политики и добро владеење

    Арбен Фетаи, кој во новата Влада ќе биде вицепремиер за политики и добро владеење, е роден во Куманово на 11 декември 1980 година.

    Дипломира на политички науки на Бриселскиот слободен универзитет, а специјализира надворешни односи на Институтот за европски студии во Белгија. Фетаи е секретар за надворешни работи на Алијансата за Албанците и шеф на кабинетот на Арбен Таравари. Фетаи има повеќегодишно искуство во меѓународни институции и фондации во Белгија и Косово, а од 2022 година работи како извршен директор на Институт за јавна политика Арбен Џафери, во Скопје, додека од 2021 е глобален координатор за застапување на Стратешко партнерство финансирано од холандското Министерство за надворешни работи и спроведено од Aidsfonds, во Брисел. Од 2010 до 2021 година работи како Виш советник за ЕУ политика на два проекти за застапување на глобалните фондови, и за акција за глобално здравје, финансирани од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, во Брисел. Бил ангажиран и во регионот, работејќи како надворешен советник на ЕУ проекти за градење капацитети на канцеларијата за евроинтеграции во Кабинетот на премиерот на Косово во периодот од 2005 до 2008 година. Фетаи има двојно државјанство, покрај македонското, во неговата биографија приложена со Собранието стои дека има и белгиско државјанство. Зборува албански и француски како мајчини јазици, а познава и македонски, англиски и холандски.

    (Фото: Собрание)