Мени

Двајца починати, четворица новозаболени и 16 оздравени од коронавирус во Куманово

04.08.2020 13:19 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје во Куманово денеска се регистрирани четири нови слуичаи на ковид-19.  Починати се двајца пациенти и 16 се оздравени.

Двајца починати, четворица новозаболени и 16 оздравени од коронавирус во Куманово

На ниво на државата во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 новозаболени од коронавирус. По градови во: Скопје 32, Куманово 4, Штип 5, Тетово 7, Кавадарци 8, Гостивар 8...

Починати се 5 лица, пациент од Скопје, два пациенти од Куманово, пациент од Гостивар и пациент од Охрид.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од: Скопје 50, Куманово 16, Струга 28, Охрид 18, Свети Николе 10...

Досега во земјата се направени вкупно 106877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589.