Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца пациенти ја изгубија битката со коронавирусот, а 15 се новозаболени во изминатото деноноќие во Куманово.
На ниво на државата во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 172, Тетово 41, Струмица 29, Прилеп 25, Гостивар 20, Кочани 18, Куманово 15, Пробиштип 3, Крива Паланка 2, Свети Николе 2 и др.
Починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77), Куманово (76 и 66), Крива Паланка (65), Скопје (80), Гевгелија (51), Кочани (83), Струга (66), Битола (68), Ресен (52 и 83), Виница (67), Берово (67), Тетово (59). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти. Четворица од Куманово.
Досега во земјата се направени вкупно 233.137 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067.