×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двајца починати и 55 новозаболени од коронавирус во Куманово

    17.11.2020 20:30 | KumanovoNews

    Двајца пациенти починаа од компликации на коронавирус, а 55 се позитивни во изминатото деноноќие во Куманово.

    Двајца починати и 55 новозаболени од коронавирус во Куманово

    Во последните 24 часа се направени 2930 тестирања, а регистрирани се 977 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

    Во Скопје се регистрирани 503 новозаболени, Куманово-55, Дебар-1, Штип-14, Прилеп-45, Тетово-40, Струга-32, Велес-29, Битола-67, Охрид-40, Кавадарци-15, Гостивар-22, Гевгелија-10, Струмица-11, Крива Паланка-12, Радовиш-6, Крушево-4, Кочани-3, Пробиштип-3, Демир Хисар-4, Берово-1, Валандово-1, Виница-5, Делчево-3, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-22.

    Починати се триесет и еден пациент во земјава. Седум пациенти од Скопје (74, 78, 82, 51, 38, 60 и 64), двајца од Куманово (76 и 67), еден од Дебар (71), двајца од Штип (62 и 67г), двајца од Прилеп (78 и 78), двајца од Тетово (72 и 76), двајца од Велес (78 и 78), четири пациенти од Битола (71, 87, 44 и 67), три од Охрид (65, 78 и 78), еден пациент од Кавадарци (72), еден од Гевгелија (56), тројца од Кичево (47, 68 и 53) и еден пациент од Неготино (74).

    Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на Инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.225 и има колку 100 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Институтот за јавно здравје регистрира 843 оздравени пациенти од: Скопје-279, Куманово-43, Дебар-6, Штип-42, Прилеп-32, Тетово-79, Велес-35, Битола-65, Охрид-1, Кавадарци-15, Гостивар-49, Гевгелија-14, Струмица-39, Крива Паланка-6, Радовиш-12, Кочани-25, Пробиштип-13, Демир Хисар-6, Македонски Брод-1, Берово-6, Валандово-5, Кратово-10, Свети Николе-3, Кичево-36, Ресен-10, Неготино-11.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 48.613, од кои оздравени се 28.646, починаа 1.376, а активни случаи се 18.591. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 21.347, активни 8.826, Куманово 3.158, активни 902.