Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се повредени во сообраќајна незгода на регионалниот пат Куманово–Свети Николе, во близина на надвозникот во населбата Проевце.
Сообраќајката се случила синоќа во 21.10 часот, помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(34) и патничко возило „тојота“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(53), двајцата од Куманово.
Во несреќата, Б.З. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.