×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дванаесет новозаболени и двајца починати од коронавирус во Куманово

    01.06.2020 12:00 | KumanovoNews

    Нови 12 случаи со коронавирус се регистрирани во изминатото деноноќие во кумановско.

    Дванаесет новозаболени и двајца починати од коронавирус во Куманово

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани 89 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-27, Прилеп-1, Тетово-7, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-4, Свети Николе-1.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти и 7 починати.

    Оздравени пациенти се регистрирани во: Скопје-2, Прилеп-12, Велес-3. Починатите се од: Скопје-2, Куманово-2, Тетово-2 и Струга-1.

    Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606. Последната дистрибуција по градови е следната:

    •             Скопје – 876, активни 298

    •             Куманово – 467, активни 55

    •             Дебар – 51, активни 0

    •             Штип – 103, активни 68

    •             Прилеп –212, активни 30

    •             Тетово – 217, активни 83

    •             Струга – 84, активни 13

    •             Велес – 130, активни 27

    •             Битола –28, активни 3

    •             Охрид –23, активни 6

    •             Кавадарци – 5, активни 0

    •             Гостивар –27, активни 7

    •             Гевгелија – 4, активни 0

    •             Струмица – 4, активни 2

    •             Крива Паланка- 6, активни 0

    •             Радовиш – 4, активни 0

    •             Крушево – 3, активни 0

    •             Кочани – 37, активни 6

    •             Пробиштип – 2, активни 0

    •             Кичево – 3, активни 1

    •             Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир

    Капија)         

    •             Демир Хисар – 1, активни 0

    •             Македонски Брод – 2, активни 0

    •             Пехчево- 3, активни 0

    •             Делчево-1, активни 0

    •             Валандово -2, активни 1

    •             Виница – 3, активни 1

    •             Кратово-2, активни 0

    •             Берово-1, активни 0

    •             Свети Николе-2, активни 2.

    Направените 727 теста се преку: ИЈЗ –446, ЦЈЗ Скопје-53 , Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –9, Систина со PCR метода -117  и МАНУ -102.  Досега во земјата се направени вкупно 30302 тестирања на КОВИД -19.

    Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 час примени се 2 пациенти, хоспитализирани се вкупно 45 пациенти. Потешко болни и нА кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 30 пациенти. На респираторна машина се 3, a со потешка клиничка слика се 9 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување се следат 15 пациенти во стабилна состојба.

    На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.