×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две години меѓуетничка интеграција во “Христијан Карпош“

    20.11.2015 16:01 | KumanovoNews

    Во основното училиште „Христијан Карпош“ денеска се одржа приредба по повод две години спроведување на проектот за  меѓуетничка интеграција во образованието, заедно со „7 март“ од село Опае.

    Две години меѓуетничка интеграција во “Христијан Карпош“

    Учениците ја изведоа претставата “Снежана и седумте џуџиња“, а воедно на  штандови ја презентираа својата работа. Професорите велат дека овој проект придонесува за толеранција, разбирање и соживот меѓу учениците од различни националности.

    Ние ги победивме предрасудите и стереотипите. Покажавме дека можеме и денеска ќе ви презентираме како тоа може да се направи во сите сегменти на општественото живеење. Завршува една етапа и почнува друга етапа, и искрено се надевам дека и другите ќе не поддржат во нашата заложба - изјави Даниела Стојановска, координатор на проектот во „Христијан Карпош“.

    Бесник Ибраими, кординатор  од „7 март“ вели дека целта на овој проект поддржан од УСАИД,  е да ги зближи децата со нивните врсници од друга националност.

    Децата да научат друг јазик освен мајчиниот. На пример македонскиот и од македонска страна да научат некој збор албански. Имавме досега прошетка во природа кај Липковска брана, драматизација на „Снежана и седумте џуџиња“, цртежи и течат работите најдобро што може - кажа Ибраими.

    Директорката на “Христијан Карпош“, Лидија Костиќ вели дека оваа заедничка приредба е круна на она што досега е сработено.

    Сигурно се планира и понатамошна соработка затоа што и во колективот веќе се створи да има позитивно искуство и сакаат сите  да се вклучат. Ние сме големо училиште има околу 70 вработени наставници и сите сакаат повторно да се вклучат во овој проект. Сигурно ќе има позитивен фидбек и од другото училиште и ќе продолжиме со соработка - вели Костиќ.

    Приредбата ја проследија наставници, директори од други училишта, претставници од општина Куманово, родители и други гости. Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието се спроведува и во останатите училишта во општина Куманово.