Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија неделава ќе организираат акции меѓу средношколците и полицијата.
Учениците од албанските паралелки од “Перо Наков“ утре ќе можат да се вклучат во крводарителска акција што се организира во училиштето. Акцијата ќе трае од 13 до 17 часот.
Во четврток крводарителска акција ќе биде организирана во Кумановската полиција од 9 до 14 часот.
Овие крводарителски акции се традиционални, а од Црвен Крст очекуваат дека ќе има над 30 крводарувања на двете акции.