Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот на влезот во Куманово.
Несреќата се случила синоќа околу 21,35 часот на исклучок од автопатот „Пријателство“ за влез за Куманово, кога патничко моторно возило „ауди“ со српска национална ознака управувано од М.Н.(32) од Р.Србија излетало од коловозот.
Сопатниците А.В.(27) и М.В.(29) се пренесени во Општа болница Куманово, каде кај А.В. се констатирани повреди а кај М.В. се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово.