Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа, што се случила вчера на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во атарот на с.Габреш.
Според СВР Куманово, во несреќата учествувале патничко возило „форд галакси“, со штипски регистарски ознаки, управувано од К.К.(57) од Свети Николе и товарно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(34) од Куманово.
Со тешки телесни повреди се здобил К.К., а со телесни повреди Н.Д., кои биле констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.