Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се повредени во сообраќајна незгода на регионалниот пат Скопје – Куманово, во близина на с.Орланци.
Сообраќајката се случила вчера во 8.30 часот, помеѓу патничко возило „шевролет круз“, управувано од Ж.Д.(64) од Скопје и автобус „ивеко“, управуван С.Б. од Куманово, двете со скопски регистарски ознаки.
Во незгодата Ж.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобила сопатничка од автобусот В.З.(25) од Куманово, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.