×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две нови населби и проширување на општината, најави Владимир Петрушевски, кандидат за советник од СДСМ

    07.10.2025 13:09 | KumanovoNews

    Во првите месеци од мандатот ќе се заложуваме за донесување на нов Генерален урбанистички план (ГУП), и по повеќе од две децении, Куманово конечно ќе се развива хумано, организирано и согласно јасни правила, најави Владимир Петрушевски- кандидат за советник од СДСМ и коалицијата . 

    Две нови населби и проширување на општината, најави Владимир Петрушевски, кандидат за советник од СДСМ

    „Нема повеќе од секоја куќа да никнува зграда во градското подрачје. Планот предвидува изградба на две нови населби со проширување на општината во два правци:од Зелен Рид и Гоце Делчев кон Биљановце и од Тоде Мендол кон Романовце. На овој начин ќе може легално и одговорно да се гради во нас. Карпош, Перо Чичо, Иго Тричковиќ и Ајдучка Чешма. Оваа урбанистичка стратегија ќе овозможи систематски и одржлив развој на градот, подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот на жителите“.

     Тој додаде дека до програмата е предвиден и проектот за обновување на фасадите на старите згради и објекти, со зачувување на
    автентичниот изглед и додавање современи елементи за подобрување на енергетската ефикасност и естетика. Целта е да се зачува културното наследство и да се модернизира градскиот амбиент.

    „Проектот го подобрува изгледот на градот, штеди енергија и го зачувува културното и историското наследство. Рокот за реализација на овој проект е 36 месеци, во зависност од обемот и состојбата на објектите, додека буџетот изнесува приближно 30.000.000 денари, вклучувајќи санација, материјали, труд и технички надзор“, кажа Петрушевски.

    Според него градот мора да се гради со визија, ред и почит кон секој граѓанин: „Новиот ГУП не е само документ- тој е патоказ за поуреден, зелен и модерен град. Со обновување на фасадите го враќаме сјајот на нашиот урбан простор и создаваме пријатна средина за живеење. Време е да го направиме нашиот дом поубав, пофункционален и достоинствен- за нас и за идните генерации“.