×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двеста кумановци се хранат во народна кујна

    28.05.2012 07:46 | KumanovoNews

     Со список изготвен од Министесртвото за труд и социјална политика на двеста загрозени граѓани од Куманово им е овозможено да се храна во народна кујна.

    Двеста кумановци се хранат во народна кујна

    Храната се дели на три пункта во градот и тоа во ученичкиот дом “Професор Мијаковиќ“ каде се подготвуваат јадењата, на булевар „Октомвриска револуција„ кај зеленото пазарче и во месна заедница кај кумановската џамија. Секој работен ден овие луѓе добиваат топол оброк, а за викенд добиваат пакет со сува храна. Народната кујна постои веќе неколку години за да обезбеди храна за бездомниците и социјалните случаеви.  

     Задоволни сме од храната, бидејќи убаво е зготвена и разновидна е, а и доволно е човек убаво да се најаде. Да не јадеме тука, ќе собиравме по кантите и контејнерите- вели жител од Средорек, кој зема храна за целото семејство.

    Покрај во Куманово, народна кујна има и во Општината Старо Нагоричене, од која храна добиваат дваесетина семејства.