Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев, утре во 20 часот концерт ќе одржи „Џез Квартет“.
Групата ја сочинуваат: Билјана Петровска на пијано, Марија Јакимовска на флејта, Антоние Весковски на удирачки инструменти и Зоран Павлоски на контрабас.
На програмата е класична и џез музика.
Задолжително е носење на заштитна маска, позитивна енергија и убава мисла, посочија од Центарот за култура.