×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Eден доктор на науки и 38 магистри во евиденцијата на Агенцијата за вработување во Куманово

    23.11.2022 11:23 | Оливера Пешевска

    Еден докторка  на науки од Куманово бара вработување преку Агенцијата за вработување на РС Македонија, а вкупно 38 магистри се невработени од кои 22 жени.

    Eден доктор на науки и 38 магистри  во евиденцијата на Агенцијата за вработување  во Куманово

    Токму во највисокиот степен на образование е најголема половата и родова разлика  меѓу вработените и невработени лица. Неравноправност има и во високото образование - од 691 невработено лице, дури две третини или 479 се жени.

    Податоците на АВРСМ, заклучно со 31 октомври ,покажуваат дека има пад на невработеноста во кумановаската општина. Во истиот период лани на Бирото за вработување имало 14.195 невработени лица, а годинава броојката е 12.077,  што е пад од околу 17,53%. На национално ниво има благо покачување на бројките, и тоа за 1429 лица во последните 2 месеци. Иако постои страв и неизвесност од моменталната енергетско-економска криза, сепак досегашните податоци не ја оправдуваат општата загриженост.

     „Поголема е понудата на работни места, отколку на лицата кои прифаќаат работа.Само неделава 3 пати посредувавме за 3 големи фирми од производството. Има работа,но и разлика на она што моментно се нуди и побарува на пазарот на труд“, вели Марија Димитријевска,раководител на Центарот за вработување од Куманово.

    Најмногу се бараат работници во производствените погони,  но и во другите логистички дејности на фабриките, со плата не многу повисока од минималната. Сепак,  постојат  многу можности за доедукација, посета на обуки и работилници со кои се стекнуваат квалификации , така што работниците можат да напредувааат и даостварат  поголема плата. Голема е побарувачката и за медицински и фармацевтски кадри, но   работодавачите од овој сектор мака мачат да обезбедат работници.                                                                                                                                                                                                                                                                                                        Генерално, сите работодавачи тврдат дека тешко доаѓаат до лица кои ги задоволуваат нивните поставени стандарди и барања.  А списокот со побарувања и не е многу обемен-редовно појавување на работното место,пристојност и љубезност во колективот и извршување на работните задачи и обврски. Сметаат дека луѓето не сакаат да работат за платата и условите што се нудат.

     „Не е само да вработиш некој, понатаму треба да можеш да се потпреш на него и неговата агилност за непречено одвивање на работниот процес“, коментираат некои од „газдите“.

     Статистиката  на АВРСМ покажува дека ако некој не најде работа во првата година до година и пол од пријавувањето, потоа  се потешко   доаѓа до понуди.Бројот на кумановчани кои повеќе од 2 години се „под биро“ изнесува   1.994,а оние што 3 години бараат работа ги има 3. 007.И тука домира женскиот пол, односно 1.112 жени бараат работа 2 години, а 2.171 повеќе од 3 години. Според возрасната структура, луѓето од 55-59 ги има најмногу, вкупно  1.950, на возраст од 50-54 години фигурираат 1.762 во базата  и 1.565  се од 45 до 49 години.

     За разлика од транзициските 90-ти години од минатиот век,  случувањата на пазарот на труд сега  се поинакви. Пред 30 години големите фабрички гиганти се затвораа еден по еден и цела „војска“ на работници  остана  без работа. Во тие времиња,  работодавачите ги диктираа условите во производството, а  денес тоа се, пред се, работниците. Се  поактивни и погласни се и синдикалните здруженија во поглед на  барањата за остварување  на  работничките права.

    Моменталните случувања главно покажуваат благо незадоволство на засегнатите страни, едните барајќи повисоки плати, пократко работно време, во рамките на законските 40 часа неделно, а работодавачите реагираат на  се помалиот профит поради зголемувањето на минималната плата, зголемувањето на  цените на набавените материјали и превискоите сметки за енергенси.