Еден од загинатите пилоти кумановец
Марјан Тајковиќ (47) од Куманово, е еден од четирите пилоти, кои синоќа го загубија животот во хелихоптерската несреќа кај Струмица.

Останатите загинати се Тоде Орешков (44) од Кавадарци, Драги Мицев (45) од Струмица и Иљо Лопатички ( 46) од Битола, сите припадници на хелихоптерската единица при МВР.
Несреќата се случила синоќа по 22 часот, кога хeлихоптерот удрил во антенски столб. Очевидци тврдат дека пре несреќата леталото немало светло а се слушал само звукот, по што тој паднал и се запалил. Сите починале на лице место.
Хеликоптерот летал на релација Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно.
Причините за несреќата ќе ја утврди истрагата и увид од двете црни кутии кои се пронајдени.
Трајковиќ, има чин пилот- капетан и работен стаж од 37 години. Со своето семејство живеел во Скопје.